Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод Светскиот ден на чистењето - 15 септември, вчера се чистеше трговскиот центар во населбата „Гоце Делчев“.
Во акцијата се вклучија работници од ЈП „Чистота и зеленило“, СВР Куманово и Кумановски акцијаши.
- Сакаме да упатиме порака до нашите сограѓани да се грижат за хигиената во нашиот град. Институциите се должни да ги одржуваат јавно-прометните површини, но за дворните места на зградите треба да ги одржуваат самите станари и домарите. Апелирам до сите да се грижиме за животната средина, - изјави градоначалникот Максим Димитриевски.
Тој потсети дека трговскиот центар го чистеле пред 1,5 месец, но во меѓувреме е повторно извалкан. Притоа го повика сопствениците на деловните објекти и граѓаните да се вклучат во еколошките акции што ги организира Општината.