×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се зголемува бројот на заболени од морбили во Куманово

    21.02.2019 11:19 | KumanovoNews

    Во Центарот за јавно здравје во Куманово од почетокот на годината регистрирани се 8 заболени од мали сипаници.

    Се зголемува бројот на заболени од морбили во Куманово

    Сите случаи се пријавени овој месец, што укажуава дека болеста зема замав. Заради тоа Центарот за јавно здравје наредната недела најверојатно ќе прогласи епидемија од морбили.

    „Шест деца ни се дел од епидемијата што е пријавена во град Скопје, односно биле хопитализирани на Институтот за белодробни заболувања во Козле.  Четири се на 6 месечна возраст, по едно на едномесечна и осуммесечна возраст и останатите двајца се ворасни на 18 години и 28 години. Од нив имаме и еден смртен случај на детенце од 6 месеци“, - изјави  Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Куманово.

    Лекарите очекуваат дека бројот на заболени од морбили во наредниот период ќе се зголемува, бидејќи последниот случај на заболено шестмесечно бебе од пред неколку дена лежело на детското одделение во Кумановската болница и било во контакт со другите деца, поради што постои опасност од новозаболени.

    „Бидејќи станува збор за високо контегиозно заболување, и бидејќи од 8 пријавени имаме едно починато детенце, се апелира родителите да ги вакцинираат децата навремено. Ние најверојатно наредната недела ќе пријавиме епидемија на морбили на ниво на општина Куманово“ - додава Стојмановска.  

     Во Куманово опфатот на вакцинирани деца до една година изнесува само 49,2 проценти, во селата и приградските населби 91,5 проценти, а ревакцинацијата е 89,2 проценти, што е далеку од задоволителниот процент над 95 отсто. Но, лекарите велат дека охрабрува фактот што бројот на вакцинирани деца се зголемува. Од почетокот на годината до сега има вкупно 270 вакцинирани и 131 ревакцинирано дете.

    Центарот за јавно здравје Куманово последната епидемија на морбили била пријавена во 2009/2010 година кога биле регистрирани 100 заболени.