×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Секторот за превенција го одбележа 9 Декември

    09.12.2017 10:03 | KumanovoNews

    Со заедничка патрола на полицијата и родителите, која изврши обиколка на неколку ноќни клубови и места каде излегуваат младите, синоќа Секторот за превенција при СВР Куманово го заокружи одбележувањето на Денот на превентивното работење на полицијата.

    Секторот за превенција го одбележа 9 Декември

    Отсекот за превенција е формиран на 9 декември 2008 година, на Денот на превентивното работење на полицијата, кога првите инспектори на МВР ги добиле сертификатите за работа од оваа област.

    Во текот на неделата беа одржани повеќе културни и спортски манифестациии, а одбележувањето заврши со прием во просториите на полицијата. На присутните им се обрати началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ.

    „И во полицијата како и во медицината подобро да спречиме отколку да лечиме. И борбата со криминалот започнува од превентивен план, да го спречиме развојот на криминалитетот за да нема последици по граѓаните и да ја намалиме нашата работа како полиција. Секторот за превенција во СВР Куманово изминатите години постигна многу успеси и извонредна соработка со претставниците на етничките заедници во градот, образовните институции и ОБСЕ, а се надевам дека така ќе продолжат и во наредниот период“, - изјави Величковиќ.

    Началничката во Секторот за превенција Виолета Богдановска, истакна дека во досегашното работење се наметнале со многу проекти и активности кои ги опфаќаат сите области на полициско работење, криминалистички работи, безбедноста во сообраќајот и јавниот ред и мир.

    „Најпознати сме во овој период по идеи и насоки кои ние ги презедовме во соработка со ОБСЕ: „Безбедни училишта“, „Спорт да дрога не“, „Спортски да навиваме без навреди и насилство“, проектите за справување со тешки кражби од куќи станови и возила, за заштита од пожари, за заштита од сообраќајни несреќи и др. Во нашите проекти беа опфатени деца од најрана возраст до најстарата популација- пензионерите“, - изјави Богдановска.  

    На претставници од ОБСЕ, Општината, локалните институции, училиштата и граѓани, кои изминатите години активно работеа на проекти им беа врачени благодарници.

    На приемот дојдоа само градоначалниците на Крива Паланка и Кратово.