×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со лажна диплома работела во основно училиште

    11.01.2018 11:09 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе поднесе кривична пријава против кумановка, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело фалсификување исправа и продолжено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина.

    Со лажна диплома работела во основно училиште

    Во текот на 1999 година, пријавената набавила фалсификувана исправа– диплома од Универзитетот „Климент Охридски“ Софија, Р.Бугарија при што се стекнала со квалификација на VII степен, специјалност Педагогија. Дипломата во 2000 година ја приложила како вистинска на Универизитетот „Св. Климент Охридски“ - Филозофски факултет во Скопје, за нострификација, за што добила и Решение за нострификација.

    По ова, во 2003 година, пријавената, како вистински ги приложила фалсификуваната диплома и добиеното решение за нострификација во основното училиште во Куманово, каде од 2003 година па до 2009 година и биле изготвувани Договори за работа со заснован работен однос на определено работно време. Во октомври 2009 година добила договор и Одлука за трансформација на работен однос од определено на неопределено работно време.

    Со наведените дејствија пријавената се стекнала со противправна имотна корист во износ од платите што и биле исплатени од Буџетот на Р.М. за наведениот временски период.