×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со лажна диплома станал професор по математика во основно училиште

    18.09.2019 09:38 | KumanovoNews

     Кумановската полиција до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава број против С.З.(51) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа, казниво по член 378, став 3  во врска со член 45 од Кривичниот законик.

    Со лажна диплома станал професор по математика во основно училиште

     Како што соопштуваат од СВР Куманово, пријавениот набавил фалсификувана диплома од Универзитет во Приштина, Р.Косово, со која се стекнал со квалификација на степен професор по математика.

    Дипломата ја употребил како вистинска во општинско основно училиште „Бајрам Шабани“ Куманово, каде склучил Договор за работа и засновал работен однос на определено време.

    До 2017 му биле изготвувани повеќе договори за работа на определено време, при што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во износ од платите што му биле исплаќани од Буџетот од 01.12.2011 до 05.05.2017.