×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Собранието ги усвои уставните измени

    11.01.2019 18:21 | KumanovoNews

     Со 81 глас „за“  Собранието ги усвои четирите уставни амандмани предвидени со Договорот од Преспа.

    Собранието ги усвои уставните измени

    Со амандманот 33, зборовите „Република Македонија се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36.

    Амандманот 34 се однесува на промените во Преамбулата, амандманот 35 е за гарантирање на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави и амандманот 36 се однесува на грижата за дијаспората.

    По прогласувањето на уставните амандмани, со 81 глас „за“ беше усвоен и Уставниот закон со кој се регулира и државјанството како „македонско / граѓанин на Република Северна Македонија“.

    Граѓаните на Република Македонија, преку нивните претставници во Собранието, вечерва, со прифаќањето на уставните измени, напишаа ново, историско поглавје на нашата државност.

    Тоа е чин кој оддава државничка одговорност и силен патриотизам зашто ги прави апсолутно остварливи двата најголеми државни интереси - членството во НАТО и ЕУ. Пратениците, имајќи го предвид врвниот интерес на граѓаните, гласаа за договор кој овозможува меѓународно интегрирање и признавање на нашата земја како суверена држава, со целосно потврдување на идентитетските посебности на Македонците и на сите граѓани на земјата.

    Денеска отворивме нова, светла перспективна иднина за сите граѓани на нашата земја, за доброто на нашите деца. За мирна, безбедна земја, каде што Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и сите други етнички заедници ќе живеат подобар и просперитетен живот, - стои во честитката на Владата до пратениците и граѓаните.

    ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на седницата.