×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стара куќа во центарот на Куманово опасност за граѓаните

    17.09.2018 12:42 | KumanovoNews

    Откако поголем дел од кровот изгорел куќата е накривена, и постојано паѓаат цигли, трска, малтер, керамиди и даски

    Стара куќа во центарот на Куманово опасност за граѓаните

    Стара и напуштена куќа на улицата „Димитар Влахов“ во центарот на Куманово, секој момент може да падне и да повреди некој. Соседите се жалат дека со години наназад куќата се распаѓа пред очите на надлежните служби во Општина Куманово, кои не преземаат ништо за да ги натераат сопствениците да ја обезбедат или урнат, бидејќи ја загрозува безбедноста на граѓаните.

    - Од 2013 година баравме надлежните да го решат проблемот. Од Општината бараа од нас да изработиме елаборат и да ја урнеме куќата. Тоа не е наша работа и одбивме. Тие тврдеа дека не можеле ништо да направат, бидејќи сопственици биле должни да ја одржуваат куќата. Но, ако има наследници, мора да има некој дел во законот кој ќе санкционира ваквото однесување, бидејќи е загрозена безбеднста на соседите и граѓаните кои секојдневно поминуваат тука. До сега не е преземено ништо, освен што еднаш дојде инспекторот и постави жолта лента и толку, - вели Маргица Бошковска, која живее во соседната куќа.

    Распаѓањето на куќата почнало пред 10 години кога од неа се иселиле последните кираџии, а сопствениците живеат надвор од земјава. Обрасната во трева и дрвја, куќата е претворена во јавен тоалет и депонија, а соседите велат дека од неа излегуваат змии, гуштери и глувци. Непријатна миризба се шири насекаде. Таа е свртилиште на бездомници и корисници на дрога, кои пред две години предизвикале пожар, кој за среќа не се проширил на куќата на семејството Бошковски.

    - Ние не можеме да контролираме кој влегува и дали некој ќе фрли отпушок од цигара и ќе ја запали. Пред две години за малку мајка ми ќе настрадаше. Таа била внатре спиела и не видела дека куќата гори. За среќа не се потфатило дрвото во дрворот да се пренесе пожарот на нашата куќа, - додава Маргица.

    Откако изгорел поголем дел од кровот, од куќата останале само урнатини, дрвените столбови се накривена и постојано отпаѓаат парчиња: цигли, трска, малтер, керамиди и даски.

    - Секојдневно паѓа по некој дел од куќата. Прашање на ден е кога сосема ќе падне, кога ќе почнат дождови и ќе натежнат снегови готова е. Се плашиме дека ќе се урне во дворот на соседите или ќе поврди некој на улица,- вели Бобан Александровски, сосед.

    Бошковска пред десетина дела повторно била во градежната инспекција и побарала куќата да се обезбеди. И било речено повторно да поднесе барање за да се интервенира на терен.

    Соседите бараат од локалните институции да не си ја префрлаат одговорноста кој е надлежен да го реши проблемот, туку под итно да преземе нешто додека некој не е настрадал кога куќата ќе падне.

    Во градот постојат двесетина куќи кои се во слична состојба.