×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Свеченост по повод завршувањето на студиите на 11-та генерација на студенти на Еуро колеџ

    04.12.2017 10:06 | KumanovoNews

    Со свеченост беше одбележано завршувањето на студиите на 11-та генерација додипломци и постдипломци на Приватната високошколска образовна институција Еуро колеџ во Куманово. Во МКЦ „Козјак“, во присуство на претставници од Министерството за образование, професори и роднини, беа доделни дипломите, а обраќање имаше деканот Љубиша Петрушевски.

    Свеченост по повод завршувањето на студиите на 11-та генерација на студенти на Еуро колеџ

    „Она што нас не разликува од другите универзитети е тоа што ние ги тераме студентите како да мислат за да бидат успешени. Треба да мислат за себе, за својата позиција на пазарот, за својата конкуренцијата, за својата позиција во глобалното општество. Нашата цел е да изградиме и градиме свесни поединци, кои кога ќе дојдат на работното место знаат што сакаат и тоа е многу добро и за нив и за оние што ќе ги вработат“, - изјави Петрушевски.

     

     Ова година на „Еуро колеџ“ дипломираа 120 студенти по бизнис администрација и 10 постдипломци од две генерации. Повеќето од нив ќе продолжат со образованието, но дел ќе се вработат или се вработени.

    „Јас дипломирав на додипломски студии на бизнис администрација, кои се три години. На нашата насока се е повразано со бизнисот, од тоа како да работиш во банка до тоа како да започнеш свој бизнис. Условите на нашиот универзитет се далеку подобри од државните универзитети. Тоа можам да го потврдам, бидејќи самите групи се со помал број студенти и професорите се максимално посветени и даваат се од себе да научиме што повеќе“, - изјави Костадин Николовски.

    Тој вели дека ќе го продолжи образованието на четврта година, а потоа и на постдипломски студии на факултетот, а планира да отвори сопствен бизнис.

    И неговата колешка Магдалена Ѓуровска има само пофални зборови за Еуро колеџ и од лично искуство тврди дека студирањето е многу подобро од државните факултети.

    „Со нас работат професори, големи професионалци, успешни луѓе, кои не подготвуваат за нешто што е после факултетот, не е само класично учење и полагање на испити. Се работи за знаење кое ние ќе можеме да го искористиме во понатамошниот живот. На сите идни студенти би им советувала добро да се информираат, бидејќи ние сме скептици кон приватните универзитети, и ако навистина имаат желба да бидат успешни да застанат на свои нозе и да бидат вистински личности, би им препорачала да го изберат овој факултет“, - вели Ѓуровска.

    Таа себе се гледа како иден банкар, менаџер на некоја експозитура или централна банка во земјава или светот.

    Еуро колеџ од наредната година започнува соработка со престижен државен британски универзитет, па покрај македонската диплома студентите ќе можат да студираат овде и во Лондон и да се здобијат и со британска диплома која е признаена во целиот свет.