500x100-1
09. 03. 2018 09:22

СВР Куманово ќе добие портпаролка

СВР Куманово ќе добие портпаролка

Мирсаде Фејзули ќе биде портпаролка на Секторот за внатрешни работи Куманово.

 Ова го објави заменик-миснистерот Агим Нухиу на својот ФБ профил. Портпаролки се назначени во уште 5 сектори на МВР во државата.

Фејзули (39) е инспекторка во одделот за малолетничка деликвенција во СВР Куманово, а моментално со времено решение работи во Секторот за организиран криминал во Скопје. Од Кумановската полиција велат дека кај нив сеуште не стигнало решение за распоредување на Фејзули.

Со назначувањето на Фејзули СВР Куманово првпат ќе добие портпарол. Досега таа работа ја вршеа вработени во секторот за аналитика. Новинарите постојано бараа од раководството на Кумановската полиција и од министрите да се вработи лице за односи со јавност, заради подобра соработка и поквалитетно информирање на граѓаните.