×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Трговскиот центар „Сума“ слави роденден - награди и изнeнадувања за граѓаните

    14.10.2019 10:16 | KumanovoNews

    Трговскиот центар „Сума“ во Куманово на 19 октомври прославува 10 години постоење и успешна работа. Деценија на многу труд, енергија и посветеност, за да се изгради во најпријатно и најфреквентно место во градот, по примерот на современтите шопинг центри со врвна услуга за уживање. 

    Трговскиот центар „Сума“ слави роденден - награди и изнeнадувања за граѓаните

    Олгица Крстевска, одговорно лице со десет годишно искуство во менаџирање на недвижност,  вели дека успехот на компанијата со која менаџира ТЦ „СУМА" - МГ Проперти - е резултат на лојални, вредни, истрајни, креативни и љубезни вработени, кои во изминатите 10 години го граделе имиџот и биле потпора и мотив за истрајност и во тешки моменти.

    „Луѓе кои создаваат хармонија и влеваат сигурност на нашиве клиенти. Таков е нашиот персонал до кого упатуваме голема благодарност за сите овие години што го штитеа и се грижеа за Трговски центар „Сума“. Голема благодарност и до нашите лојални закупци кои и покрај сите пречки на кои наидуваа во текот на овие 10 години издржаа и останаа доследни и лојани на ТЦ „Сума“ и своите потрошувачи. Изминатата деценија ни е патоказ за успех, но и потсетник и потврда дека кога сакаме можеме да се справиме со сите предизвици во животот, емотивно или деловно. Затоа сме тука - каде што сме, а тука  - со нас се и оние кои ни веруваа! - изјави Крстевска.

    По повод големиот јубилеј компанијата подготвува големи изненадувања и награди за верните потрошувачи, а ќе има и роденденски попусти во локалите.

     Секој потрошувач може да учествува во наградната игра доколку купува во било кој локал во Трговскиот центар. Вкупната вредност на наградите е 300 евра (во денарска противвредност), а ќе бидат доделени: 1 ваучер 100 евра за пазарење во НЕПТУН, по 1 ваучер од 50 евра за Sport Vision, Оптика Style, De Marco и Extreme Intimo.

    Наградната игра е во тек, а ќе заврши на 19 октомври во 12 часот.

    Извлекувањето ќе се одржи истиот ден во 13 часот и ќе биде дел од главната прослава на која ќе настапи Ивона Јовановиќ со нејзиниот Бенд, настап ќе има и Студио Мак Денс. Најмалите ќе ги завабуваат аниматори и кловнови, а ќе има и многу слатки задоволства!

    Кумановчани, ТЦ "СУМА" роденден слави и сите сте поканети!