×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уапсен повеќекратен разбојник кој „оперирал“ на Зелен рид

    25.06.2018 11:03 | KumanovoNews

    Повеќекратен развојник, кој оперирал претежно во населбата Зелен рид, викендов бил уапсен и спроведен во Затворот Шутка во Скопје.

    Уапсен повеќекратен разбојник кој „оперирал“ на Зелен рид

    Од Кумановската полиција соопштуваат дека е поднесена кривична пријава против лицето А.З.(39) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела кражба, „кражба во обид  и разбоjничка кражба.

    Пријавениот, за три дена минатата недела, преку незаклучени врати влегол во три куќи. Во едната одзел златен накит и пари стекнувајќи се со противправна имотна корист од 300.000 денари.

    Во втората бил затекнат од сопственикот додека вршел пребарување, по што побегнал без да одземе ништо.  

    Во третата куќа, исто така,  бил затекнат од сопственичката како држи одземени пари, по што неколку пати ја турнал и успеал да побегне со дел од парите.

    Од страна на Судија на претходна постапка на А.З. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

    Граѓани, кои и самите биле жртви на кражба, кажуваат дека конечно можат да здивната, бидејќи целата населба во последните десетина дена живееле во страв и паника од разбојникот. Во полицијата се пријавени 3 кражби, но нашиот извор тврди дека соседите кажувале дека и порано тој влегувал по куќите, но бидејќи немале матерјална штета не пријавиле во полиција.

    „Не бездер бевме од него. Ни беше страв децата сами да ги оставаме и во двор да ги пуштаме да си играат. Влегуваше каде што ќе стигне ако е отклучна врата и си пребаруваше по собите. Кај нас влезе во соба наутро околу 9 додека син ми спиеше. Го разбудил додека пребарувал по фиоките. Кога детето го прашало што бара рекол нешто неодредено и си заминал“, - раскажува нашата соговорничка.

    Оштетените биле повикани во полиција на препознавање на разбојникот, по што тое е приведен и притворен.

    Жителите кажуваат дека во населбата има уште еден разбојник кој им ги краде велосипедите од дворовите, но се надеваат дека и тој што поскоро ќе падне во рацете на органите на редот.