Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До недела трае пријавувањето за претседатели на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ во 76 општини во Република Македонија, меѓу кои и во Куманово.
Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Игор Божиновски вели дека сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успеси во минатото, дадениот допринос и вложеност во активностите на партијата, како и визија за иднината на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ги повикувам и охрабрувам сите членови на општинскиот комитет во Куманово кои се чувствуваат подготвени и мотивирани за огромните предизвици кои претстојат, како пред ВМРО-ДПМНЕ, така и пред Република Македонија, да се вклучат во рамноправната и демократска трка за исклучително одговорната функција во партијата“, - изјави Божиновски.
Тој додава дека сликата за ВМРО-ДПМНЕ се менува во модерна партија, заснована на силните традиции на оваа земја и со современи погледи за иднината, која ќе донесе посигурна и посветла иднина.
Досега општинскиот комитет го водеше Драган Петковски, на кој четиригодишниот мандат му заврши на почетокот на месецот.
Кандидатурите на сите заинтересирани треба да се достават најдоцна до 11.03.2018 година во седиштето на партијата во Скопје.