×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово отворена првата приватна лабораторија за микробиологија и паразитологија

    19.08.2018 22:14 | KumanovoNews

    Компанијата БДА од Куманово отвори современа акредитирана лабораторија за микробиологија и паразитологија, по најновите и највисоки светски стандарди, со вкупно 19 методи за испитување.

    Во Куманово отворена првата приватна лабораторија за микробиологија и паразитологија

    Во лабораторијата ќе се испитуваат сите видови на млеко и млечни производи, месо и месни производи, овошје и зеленчук, жито и житни производи, јајца, вода, воздух, сите видови на безалкохолни пијалоци, сокови, зачини, сточна храна, и уште голем број на други производи. Акредитацијата е издадена од Институтот за акредитација во Скопје.

    - Резултатите од нашата лабораторија се прифатени насекаде во Европа и во светот, бидејќи сме акредитирани по најновите стандарди MKC EN ISO/IEC 17025.Станува збор за професионална лабораторија, која дава високо професионални резултати. Најголем дел од нашата опрема е од Израел и Италија, која не може да даде погрешни резултати, бидејќи станува збор за многу софистицирана опрема. Имаме и професионален стручен кадар, од кои магистри по квалитет и безбедност на храна и молекуларна биологија, кои завршија стручна обука и едукација во странство,- изјави Најден Бајдевски, сопственик на компанијата БДА.

    Акредитацијата е добиена по темелни контроли и проверки на сите нивоа од стручна комисија составена од домашни и странски експерти. За одредени бактерии, проверката била вршена директно од референтните лаборатории во Рим, Лондон, каде прецизноста на резултатите е 100 отсто.

    -Нашата работа ќе биде постојано следена од Институт за акредитација и од Агенција за храна и ветеринарство. Услови за работа од страна на  Институт за акредитација се многу строги и ние во целост мора да се придржуваме кон нив. Се работи за голема инвестиција, која не е завршена и ќе се надоградува и во наредниот период. Ова е голем успех не само за нас како компанија, туку за и градот, пред се голем напредок во процесот на производство на храна. Мониторингот е квалитет во процесот на производство на храна. Кај нас можат да се прават сите испитувања за храна, како и супер анализи доколку постои сомневање во квалитетот на резултатите во било која друга лабораторија, -додава Бајдевски.

    Во лабораторијата веќе се прават анализи за повеќе домашни и странски фирми, како и за производители коишто вршат увоз и извоз од земјата.

    - Имаме мобилна екипа која со наше возило заминува на терен зема примероци од лице место, а потоа ги доставува резултатите. Брзината на издавањето на резултатите е по веќе утврдени стандарди по кои се работи и обично изнесува од 3 до 4 дена, во зависност од тоа која бактерија се утврдува, - објаснува Бајдевски.

    Компанијата БДА е во постапка за набавка на течен и гасов хроматограф со комплетна придружна опрема, за хемиска анализа на сите можни методи. Се работи за голем инвестиција за која менаџерскиот тим верува дека ќе ја унапреди работата на компанијата и на целиот град.