×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вредности на Рамковниот договор проект на „Бујрум“

    16.04.2018 10:04 | KumanovoNews

    „Вредности на Рамковниот договор преку призма на неформално образование„ е проектот што го релаизираше Центар за рурален развој Бујрум од Куманово.

    Вредности на Рамковниот договор проект на „Бујрум“

    Се одржаа 5 обуки-работилници, кои имаа задача да ја зајакнат свеста, знаењето и заедничкото застапување на вредностите на Рамковниот договор преку призмата на неформално образование.

    Во проектот беа опфатени млади и жени од мултиетничките заедници во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

    „Главен мотив поради кој започнавме со реализација на овој проeкт е неинформираноста на младите и жените од трите општини за бенифитите и потребите од поголем активизам во мултиетничкото општество, како за бенифитите од Рамквниот договор за целата заедница. Таргетираните општини се мултиетнички и во нив живеат припадници на различни етнички заедници“, - изјави Александра Тасиќ од „Бујрум“.

         И учесниците на проектот се задоволни од неговата реализација.

    „Овој проект служеше за едукација на млади луѓе од неколку области. Истиот беше успешно имплементиран, а ефектите беа позитивни, со јасна порака дека има недостаток на вакви проекти и ваков тип на едукација преку неформално образование“, - изјави Милинда Реџепи, проектен координатор.

    „Јас бев учесник на работилниците од овој проект и научив нови работи и информации кои ќе ми помогнат во иднина, а за кои немав можност да ги научам во училиште. Во иднина би сакал многу почесто да учествувам во вакви проекти“- изјави Ринор А. учесник на обуката.

    Проектот е финансиран од Европска Унија во соработка со Фондација "Kvinna till Kvinna " од Шведска во времетраење од 20 месеци, а до крајот на месецот.