×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заев ќе ги разреши претседателите на сите општински организации

    23.05.2019 11:12 | KumanovoNews

     Премиерот Зоран Заев донел одлука да ги разреши сите претседатели на општинските ограноци во СДСМ, и дека тоа е дел од почетокот на промените кои ги очекуваат граѓаните.

    Заев ќе ги разреши претседателите на сите општински организации

    Во текот на денешниот ден админиситарцијата во СДСМ ќе ги подготви решенијата и тој ќе ги потпише.

    „Одлуката е дека се разрешуваат сите претседатели на општински ограноци на СДСМ. Сакам да им се заблагодарам на сите за активноста, работата, дружењето на граѓаните, како претставници на локално ниво на најголемата владејачка партија, како и на сите оние претседатели на општинските организации каде се победи на изборите. Апелирам повторно да бидат кандидати и да се кандидираат на следниот конкурс што идната седница ќе биде објавен во постапка“, изјави Заев.

    Со разрешување на претседателите на општинските организации, паѓаат извршните одбори на локално ниво, бидејќи тие се формирани на предлог на претседателите на општинските организации.

    Тој кажа дека почнал со општинските организации, бидејќи тоа е наједноставно, односно дека со статутот за тоа одлука носи само тој, а другите промени се во одлуки на органите и телата на СДСМ.

    Заев најави дека во првата половина на јуни ќе ги објават промените и во јавните претпријатија, министерствата и владата.