Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Отпочнаа градежните работи на делницата Ранковце - Крива Паланка, на експресниот пат од Куманово до границата со Република Бугарија.
Делница ќе биде долга 23 километри, а широка 12,5 метри, вредноста на инвестицијата изнесува повеќе од 58 милиони евра.
- Со изградба на патот од Ранковце до Крива Паланка и понатаму до граничниот премин Деве Баир, ќе ја комплетираме изградбата на Коридорот 8. Односно од Ќафасан преку Струга, Кичево, Гостивар, Тетово, Скопје, Куманово, Ранковце, Крива Паланка до Деве Баир. Коридорот 10 е целосно комплетиран, а со Коридорот 8 Македонија ќе биде целосно автопатски поврзана, - изјави премиерот Зоран Заев, на отпочнување на градежните работи во Ранковце.
Во овој период преку средства од ИПА 2 програмата комплетно ќе биде реновиран и постоечкиот пат од Куманово до Крива Паланка и од Крива Паланка до границата со Република Бугарија, со додавање на трета лента.