×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши конзервацијата на фреските во „Свети Никола“

    17.08.2018 10:39 | KumanovoNews

    Заврши конзервацијата и реставрацијата на живописот во црквата „Свети Никола“ во Куманово, која траеше четири години.

    Заврши конзервацијата на фреските во „Свети Никола“

    Живописот бил насликан во шеесетите години од минатиот век.

    – Според хемиските анализи, живописот е насликан во секо техника. Употребувани се синтетички бои или добро познатите акрилни бои. Ослабена е врската помеѓу носачот односно ѕидот кој датира со самата изградба од периодот на 1847-1851 со новонасликаниот живопис од 1969-1971 од зографот Крсте Рафев Колоски. Оштетувањата на боениот слој од живописот е проследен со напукнување и опаѓање од своето лежиште. Невкусно за изгледот, што е од пресдудно значење. Процесот успешно заврши – изјави реставраторот Валентина Илијевска.

    Со конзервацијата беа опфатена северната и јужната страна, односно житието на Господ Исус Христос и на Пресвета Богородица Дева Марија. Живописот датира од периодот од 1969-1971. Додека пак во олтарниот дел е од 1972 година со претстава на евангелисти и Мајка Божја во централната апсида. Покрај овие живописани композиции, се насликани и претстави на светите лица како што се Св.Кирил и Методиј, Св.Климент Охридски, Св.Никола и останати светци.

    И од Кумановско – осоговската епархија која ја иницираше конзервацијата и реставрацијата се задоволни од завршената конзервација и реставрација.