×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ана Николиќ и Раста одржуваат концерт во Скопје, Тајзи и Спејко специјални гости

    08.02.2018 16:07 | KumanovoNews

    Еден од највлијателните и најквалитетните музички звезди на Балканот Раста и една од најактуелните пејачки Ана Николиќ ќе одржат голем музички спектаткл на 16.февруари во ВИП арената / Борис Трајковски.

    Ана Николиќ и Раста одржуваат концерт во Скопје, Тајзи и Спејко специјални гости

    Интересот за концертот е огромен бидејки ова е нивниот прв и последен заеднички концерт, а македонската публика веќе подолго време нема прилика да биде дел од вакво мега случување, каде што заедно ќе можат да ги отпејат мега-хитовите „Кавали“, „Хабиби“, „Кавасаки“, „Еуфорија“, „Фригидна“, „Конкретно“, „Случајност“ и многу други.

    Специјални гости на концертот ќе биднат Тајзи и Спејко, кои ќе ги изведат нивните заеднички нумери „Палимо“, „Вози“ и уште неколку заразни рефрени од нивниот репертоар.

    Фановите ќе имаат прилика пред концертот да се дружат со своите идоли, а за време на концертот ги очекува танчерско и лајт шоу.