×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дињата како лек во летните денови

    07.08.2019 08:53 | KumanovoNews

    Дињата е дел од фамилијата Cucurbitacae, која во себе ги вклучуваа краставиците, тиквите, како и друго слично овошје на нив.

    Дињата како лек во летните денови

    Анализите покажуваат дека дињата помага за слабеење, предвремена смртност, дијабетес и срцеви заболувања, но исто така го задржува и одржува здравиот изглед на косата и лицето. Ги содржи витамините: Б, Ц1,, А, Б3, Б6, К, влакна, бакар, магнезиум, калиум, како и јаглехидрати, шеќер, натриум, минерали, аминокиселини итн., со што се препорачува како задолжителна храна во летниот период.

    Дињата ги штити очите

    Антиоксидансот зеаксантин, кој се наоѓа во составот на дињата помага за заштита на очите од ултравиолетовите зраци кои можат да доведат до оштетување и појава на катаракта, најчесто во постарите години.

    Консумирање на диња го намалува ризикот од појава на астма

    Изобилството на бета-каротенот и витамнинот Ц коишто се наоѓаат во дињаата го намалуваат ризикот од појава на астма. Ова овошје ја смирува и воспалителната слузница на дишните патишта.

    Дињата како превентива против зголемен крвен притисок

    Растителните влакна, калиумот, холинот и витаминот Ц кои се застапени во дињата се добар сојузник за борба против нарушеното здравје на срцето. Внесувањето на доволно количини на калиум во исхрана придонесува за намалување на покачен крвен притисок, намален ризик од срцев удар, како и намалување на оформувањата на камчињата во бубрезите и одржување на густината на коските.

    Нутритивни вредности на дињата

    Дињата освен што е сочен и вкусен плод, во себе може да содржи дури и до 274 калории, а во само 100 грама диња има: 34 калории, 1 грам протеини, 1 грам растителни влакна и 9 грама јагленохидрати.

    Дињата е овошје кое може максимално да се искористи. Нутриционистите препорачуваат да се јаде тогаш кога на допирот ќе е мека и ќе се почувствува нејзиниот мирис. Исто така семките од диња можат да се смелат и да се остават да опстојат 30-тина минути и да бидат искористени како емулзија за прочистување. Воедно семките можат да се искористат за чај, кој се користи за сузбивање на бактериски инфекции.