×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седум работи кои работодавачите ги бараат од вработените

    10.10.2019 07:42 | KumanovoNews

    Доколку ја направите вашата биографија совршена нема да добиете работа, туку доколку ги развиете своите способности и научите некоја нова вештина, покажуваат истражувањата.

    Седум работи кои работодавачите ги бараат од вработените

    * Седум најчести работи кои ги бараат сите работодавци:

    1. Решавање на проблемите

    Иако во денешно време, работата на сите им е олеснета со технологијата, понекогаш токму технологијата може да „ги зафркне“ работите, а вашите работодавци во тој случај ќе очекуваат од вас да се снајдете со проблемот кој ќе се појави. Исто така, секој работодавец сака вработен кој знае да работи барем на најмалку три програми, кои ќе придонесат за проширување на неговиот бизнис.

    2. Критичко размислување

    Никој работодавец не сака работник кој нема да ја има способноста да разгранични кога работата може да тргне кон лош развој. Многу е важно, секој работодавец покрај себе да има луѓе кои ќе размислуваат и логично и критички.

    3. Креативност

    Во времето кога секој ден излегуваат безброј информации, она што му е неопходно на секој бизнис е иновативноста и креативноста, за да се оддели од другите компании на пазарот. Затоа работете на развивање на вашите креативни вештини. Повеќе не се потребни работници кои знаат само една работа и кои не се  заинтересирани за секојдневно учење и напредување, додека светото секојдневно се менува.

    4. Емоционална интелигенција

    Вашите претпоставени сакаат луѓе кои се емоционално силни, односно луѓе кои нема да потпаднат доколку се најдат пред некој проблем во работата. Работодавците сакаат свесни луѓе, кои знаат да проценат кога и како треба да реагираат.

    5. Координација и соработка со тимот

    Вработениот треба да ја има способноста да се адаптира и на другите колеги и да успее и да биде тимски играч кој ќе знае да придонесе за доброто на фирмата. Понекогаш повеќе глави размислуваат побистро отколку една.

    6. Донесување одлуки

    Исто така, работодавците сакаат и вработени кои се способни да знаат и да дадат предлог за решение на некоја работа и да бидат сигурни и одлучни во тоа што го кажуваат.

    7. Работа под притисок

    Во денешно време, невозможно е да се работи без следење на некои рокови. Па затоа работодавците сакаат луѓе кои се емоционално силни и кои ќе можат да работат и под притисок.