×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ХОРОСКОП - 06.10.2021

    06.10.2021 05:08 | Сара Ѓорѓиоска

    Дневен хороскоп 

    ХОРОСКОП - 06.10.2021

    ОВЕН

    Одложете ги големите финансиски одлуки, одложете ги непотребните шопинг- активности, паузирајте ги караниците со брачниот или деловниот партнер за да ставите преран крај на нештата. Енергијата ќе биде тензична, пасивно-агресивна. Особено внимавајте на односот со брачниот партнер, врз денешните интеракции ќе се сетира тонот за наредните 30 дена.

    БИК

    Внимавајте на повреди на работното место, можно е сосем неочекувано да се сопнете или да ви се случи нешто при извршување на физички активности. Бидете претпазливи и во фитнес-рутините. Не ги игнорирајте знаците на телото дека нешто не е во ред и закажете лекарска посета доколку денес забележите некакви промени. Тензичен ден за односот со колегите.

    БЛИЗНАЦИ

    Љубовните авантури имаат потенцијал за нови почетоци, но при тоа добро внимавајте да не се навраќате на старите рани. Доколку постои нешто што не е расчистено од минатото, истото ќе најде начин да се појави повторно во вашиот
    живот. Креативноста ќе ви биде најсилна страна денес, но можно е креативните потенцијали да се базираат на помрачни и генерално песимистични нешта.

    РАК

    Денешниот ден ќе ви понуди варијанти кои не сте ги очекувале и нема да знаете дали да се радувате или да плачете. Можно е, на пример, да видите дека можете да си дозволите да купите нова куќа или стан, но вашиот партнер или вашето семејство одеднаш да ви застанат на патот и да не ви дозволат таква одлука. Пријателите ќе влијаат на вашето расположение во домот, генерално негативно.

    ЛАВ

    Нештата што ќе ги кажете денес можат да ве направат исклучително влијателни во наредниот месец или сосем да ја уништат вашата репутација преку ноќ. Одберете дали сакате постепено да градите стабилен имиџ, со напорна работа и
    посветеност или ќе дозволите импулсивноста да ве доведе во непријатни ситуации, конфликти со авторитетни личности и лоши гласини.

    ДЕВИЦА

    Паузирајте ги плановите за патување во странство поради работа или академски обврски, но особено бидете претпазливи со купувањето недвижности во други држави. Можно е некој ментор, претпоставен или родител да каже нешто необично кое ќе влијае ужасно врз вашата самодоверба. Не трошете повеќе отколку што заработувате денес.

    ВАГА

    Можно е да бидете сфатени погрешно, можно е да се чувствувате отфрлено, можно е да ве обземе пасивна агресија поради некои ваши несигурности или да ви се јави нескротлива потреба за нешто ново и необично. Можеби ќе сакате да споделите нечија тајна или да направите нешто недозволено, но колку и да мислите дека нема да има реперкусии од вашите одлуки – се лажете.

    ШКОРПИЈА

    Денес е можно некој крие нешто од вас (што не мора да значи дека е негативна работа) и денес ќе сфатите дека не е се` баш така како што изгледа. Можеби нема да ја откриете вистината веднаш, но очекувајте обелоденување во наредните 30 дена. Бидете внимателни во комуникацијата со деловните партнери или брачниот партнер, бидејќи лесно можете да изгубите нешто важно.

    СТРЕЛЕЦ

    Вашите соништа ќе делуваат исцрпувачки денес и можно е да бидете обесхрабрени за нивното исполнување или да сфатите дека е потребно да вложите повеќе труд. Пријателите денес ќе делуваат повеќе како напорна работа
    отколку како релаксација од стресот. Ќе запознавате нови личности што ќе ве мотивираат да бидете подобри така што ќе ги потенцираат вашите слабости.

    ЈАРЕЦ

    Комуникацијата може да биде нарушена денес, а вашите тенденции да се спротиставувате на авторитетот можат да резултираат со секвенца од непријатни ситуации и деловни проблеми. Актуелните, поранешните и потенцијалните
    љубовни партнери ќе ве доживеат во поинакво светло, односно ќе го сменат својот став во врска со вас.

    ВОДОЛИЈА

    Не донесувајте непромислени одлуки кога е во прашање купувањето нов дом, планирањето патување, преселбите или можностите за работа или студии во странство. Иако ќе ви бидат презентирани нови можности денес, не сите ќе ве
    одведат до посакуваната дестинација и потребно е да бидете критични и селективни во тоа што потпишувате, чии совети слушате и што посакувате.

    РИБИ

    Денешната динамика ќе се состои од жонглирање помеѓу искреноста и тајните. Некој упорно ќе се обидува да скрие нешто од вас, а вие упорно ќе добивате сигнали за вистинските намери на личноста. Не ја потценувајте моќта на
    зборовите, ниту моќта на социјалните мрежи, каде што исто така ќе можете да најдете траги од нечии измами.