×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ХОРОСКОП - 27.07.2021

    27.07.2021 04:55 | Сара Ѓорѓиоска

     Дневен хороскоп 

    ХОРОСКОП - 27.07.2021

    ОВЕН

    Ќе имате можност да ги зголемите или подобрите изворите на финансирање доколку ја слушате интуицијата. Внимавајте на соништата и внимавајте на луѓе кои не ги познавате, а си даваат за право да ве советуваат и да ви сугерираат начини за брза заработка. Верувајте само на себеси.

    БИК

    Пријателите ќе бидат од огромна корист во вашиот живот денес. Ќе можат да ви дадат свежа, нова и потребна перспектива на некои нешта кои ве мачат, со што комплетно ќе ја сменат вашата перцепција и ќе ве ослободат од негативни чувства. Започнувањето нови проекти звучи како одлична идеја за денес.

    БЛИЗНАЦИ

    Можно е да се чувствувате притиснати од општеството или од професионалниот сетинг во кој се наоѓате. Да сакате да се докажете, но тоа да не ви оди баш од рака. Исфилтрирајте ги негативните емоции преку добар, долг и квалитетен сон, долги туширања, контакт со вода, медитација или водење дневник.

    РАК

    Ќе добиете некој неочекуван совет од пријателите кој ќе смени некоја ваша животна филозофија или ќе влијае на некој ваш став (пример став за политичката ситуација или став за некој историски настан). Оддржувајте ги разговорите живи и интересни, оградете се од плитки теми и зборувајте за идеи – тоа ќе ги прошири вашите хоризонти.

    ЛАВ

    Денот ќе биде посветен на правење сериозни планови со партнерот. Можеби ќе планирате нов автомобил, нова недвижнина или едноставно спојување на вашите сметки, но во секој случај соединувањето ќе биде паметен потег. Разговарајте со партнерот за нештата кои ве мачат. Деловните односи имаат простор за надградба.

    ДЕВИЦА

    Можно е денес неочекувано да запознаете личност од странство или личност од различна културно-етничка подлога која многу ќе ви се допадне и ќе има потенцијал да стане или ваш љубовен партнер или ваш нов деловен партнер. Не се ограничувајте кога се во прашање луѓето, првите впечатоци умеат да излажат и да пропуштите навистина квалитетна личност. Планови за патување со партнерот.

    ВАГА
    Денес очекувајте турбулентни и интензивни внатрешни чувства, односно скриени емотивни проблеми да ви ја одземат физичката енергија. Можно е да бидете толку преокупирани со вашиот внатрешен свет, што ќе направите некој неочекуван пропуст на работното место или ќе споделите како се чувствувате со некој близок колега.

    ШКОРПИЈА

    Одличен ден за квалитетно време со личностите кои прават да се чувствувате како да сте го освоиле светот! Гушкајте се со децата, посветете му внимание на партнерот, слушајте музика, танцувајте, земете сложувалка или направете лулашка во дворот. Култивирањето спомени ќе ве зближи со оние кои најмногу ви значат.

    СТРЕЛЕЦ

    Обрнете внимание на советите кои ги добивате од најблискиот семеен круг. Денес е денот кога тие совети во вашата глава ќе прозвучат со повеќе логичност од обично и имплементирајќи ги во својот живот, ќе го зголемите квалитетот на живеење и ќе бидете попродуктивни. Луѓето не велат залудно дека никој не ти мисли подобро од семејството.

    ЈАРЕЦ

    Ќе сакате да зборувате за чувствата, за некои апстрактни концепти и идеи, за нештата кои ве замислуваат. Обичните разговори ќе ви се чинат здодевно, па барајте соговорник со кој ќе можете да добиете нова перцепција на нештата и да отидете дома задоволни од продуктивната конверзација.

    ВОДОЛИЈА

    Денес е можно да добиете некој неочекуван подарок од некој кој ви е доста близок. Подарокот би требало да е нешто материјално, но можеби ќе ви бидат подарени значајни комплименти кои силно ќе влијаат на вашата самодоверба и ќе ви го разубават денот. Поправете ги односите со семејството денес доколку се нарушени.

    РИБИ

    Денешниот ден ќе биде од оние денови кога без многу размислување и само со милозвучни зборови ќе можете да допрете до туѓите срца. Искористете ја денешната енергија да разговарате за нештата кои ве мачат или за туѓите проблеми – денес ќе бидете одличен соговорник и луѓето едвај ќе чекаат да се впушат во конверзација со вас.