×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Како да изберете правилната крема за сончање

    25.07.2021 06:38 | Сара Ѓорѓиоска

    Има огромен избор на кремите за сончање, во различни пакувања, со различни својства. При толкав избор, како да ја одберете вистинската крема за сончање, онаа што правилно ќе ја заштити вашата кожа?

    Како да изберете правилната крема за сончање

    Најпрвин, за да знаете како да ја изберете вистинската крема за сончање, треба да знаете како сончевите зраци соделуваат со човечката кожа. Сончевите зраци се снопови од електромагнетни бранови и како такви се единствениот извор на ултравиолетово зрачење, кое пак има пократка бранова должина и повеќе енергија од светлината која можеме да ја видиме. Ултравиолетовите зраци се делат на UVA, UVB и UVC-зраци, од кои последните се најкратки и никогаш не доаѓаат до површината на земјата. Останатите два вида можат да пенетрираат во човечката кожа, со тоа што пократките UVB-зраци пенетрираат во погорните слоеви од подолгите UVA-зраци, кои можат да навлезат подлабоко. UVB-зраците во умерени количини на телото му помагаат да произведе витамин Д, кој е неопходен за цврстина на коските, но пролонгирано изложување на сонце може да направи промени во ДНК структурата, да ја остари кожата или во најлош случај да го активира
    процесот на кожни заболувања.

    Кремите за сончање обично функционираат така што го блокираат сонцето со состојки како цинк оксид или титаниум диоксид, или пак делуваат хемиски така што ги апсорбираат UV фотоните, што потоа се исфрлаат од телото во форма на топлина. Во изборот на крема за сончање постојат три нешта кои треба да ги земете предвид: методот на апликација, заштитниот фактор и активните состојки. Заштитниот фактор 15 ги блокира 93% од UVB-зраците, при што процентот линеарно се зголемува со зголемувањето на заштитниот фактор, па така СПФ-30 блокира 97% од зраците, а СПФ50 блокира 98% од зраците. Кога се во прашање активните состојки, доколку имате чувствителна кожа, најдобриот избор за вас би биле кремите за сончање базирани на минерали,
    како претходно споменатите цинк оксид или титаниум диоксид. Тие се малку потешки за нанесување поради густината, но нема да ја иритираат вашата кожа како хемиските креми базирани на јаглерод. Во однос на методот на апликација, бидете претпазливи со заштитните фактори во форма на спреј, бидејќи иако делуваат практично, најголем број од луѓето не нанесуваат доволно дебел слој за да вистински се заштитат од сонцето. Дополнително, ненамерното вдишување на составот на таквите спрејови може да е штетен по вашето здравје.
    Во секој случај, нанесувањето на било каква крема е подобро отколку немањето никаква заштита од сонцето. Но, кога можете да изберете, уживајте во слободниот избор и разгледајте го пакувањето, колку би сакале да се заштитите, кој метод на нанесување вам најмногу ви одговара и како вашата кожа најдобро ќе ја поднесе кремата за да работат заедно на вашето заштитување и добивање здрава, летна боја.