Дијара заминува за Турција

27.12.2009 13:37 | KumanovoNews

Напаѓачот на црно-белите Ламин Дијара најверојатно во идните неколку дена ќе замине во турскиот Гацијантеп.

Дијара заминува за Турција

 Представници на двата клуба, се сретнале во Белград, и како што неофицијално се дознава, Турците прифатиле да исплатат сума од два и пол милиони евра, колку бараше раководството на Партизан.

Се очекува Дијара во текот на  идната недела да го потпише договорот.

Ламин Дијара во Партизан одигра 136 натпревари и постигна 65 голови.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk