Кире Лазаров спортист на годината

21.12.2009 00:00 | KumanovoNews

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија Кире Лазаров е прогласен за спортист на годината и за најуспешен спортист во странство на манифестацијата Спортски оскар 2009, што синоќа се одржа во салата Борис Трајковски во Скопје.

Кире Лазаров спортист на годината

Лазаров до признанијата стигна по освојување на 11-то место на Светското првенство и победата во категоријата најдобар стрелец во историјата на Светските првенства со 92 гола и одличните настапи во дресот на Кроација Осигурање во Лигата на шампионите. Конкуренти за наградата му беа пливачот Томи Стефановски и боксерот Примислав Димовски.

За најуспешна спортистка на годината е прогласена каратистката Наташа Илиевска.

Организаторите, Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации, спортски оскари им доделија и на најдобрите спортисти од разни категории:

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk