Шумахер се врати во Формула 1

23.12.2009 02:25 | KumanovoNews

Последните три години ја повратив енергијата и спремен сум за сериозни работи - изјави Шумахер.

Шумахер се врати во Формула 1

Седумкратниот шампион Михаел Шумахер, денеска е претсавен во просториите на екипата на Мерцедес, во градот Брекли, каде потпиша едногодишен договор вреден 7 милиони евра.

Германецот ќе биде прв возач на екипата додека со него заедно ќе вози и Нико Розберг. Тој и официјално ја обнови соработката со Рос Браун, кој беше во неговиот тим во сите седум шампионски титули.

Шумахер кој во јануари полни 41 година, минатата сезона требаше да се врати во екипата на Ферари како замена за повредениот Филипе Маса, меѓутоа повредата на вратот при падот од моторцикл, го одалечи од патеките.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk