×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Амбициозниот План за чист воздух остави многу нереализирани обврски

    03.11.2020 12:45 | KumanovoNews

     Голем дел од мерките предвидени во двегодишниот План за чист воздух се далеку од реализација. Амбициозниот документ, кој предвидуваше намалување на аерозагадувањето до 50 отсто во Скопје и од 30 до 50 отсто во другите градови се реализира веќе втора година по ред, но не во сите сегменти кои се планираа.

    Амбициозниот План за чист воздух остави многу нереализирани обврски

    Замената на старите грејни тела кои работат на фосилни горива со инвертер клими, инвестициите во енергетска ефикасност на јавните објекти и обидите да се намалат дивите депонии, а да се зголеми јавното зеленило, се меѓу најспроведуваните во Скопје и другите општини низ земјава, пренесува мета.мк

    Сепак, изостануваат посериозните инвестиции во управувањето со отпадот, не само од аспект на нелегалното исфрлање, туку и во редовната работа на комуналните служби, системот за селекција и рециклирање, нема казни за несовесните загадувачи, ниту пак зајакнување на ингеренциите и бројноста на инспекциските служби. Тешко оди и поправката на мерните станици за загадување на воздухот, кои неколку години по ред чекаат на реализација на тендерите за да се оспособат и да ги мерат сите видови ПМ честички и другите извори на аерозагадување.

    Пандемијата на ковид-19, исто така, не донесе ништо добро за инвестициите во животната средина, туку ги пренасочи финансиските приоритети, со што ја удвои опасноста во претстојната грејна сезона, која е позната по високи концентрации на загадувачки материи во воздухот. Граѓанската „О2 Иницијатива“ неодамна реагираше на новите планирани кратења на буџетот предвиден за животна средина.

    „До кога ќе се крати од животната средина? Се давиме во ѓубре, ама за чистење на дивите депонии со ребалансите на буџетот годинава се предвидени 90 отсто помалку средства. Во моментов 21 инструмент од мерните станици за мерење на квалитет на воздухот не работат, но две третини од средствата наменети за набавка на делови и нови инструменти се скратени. Оваа година нема дотации за општините Битола, Новаци, Могила, Кичево, Чаир, Гази Баба, Центар, Аеродром, Кисела Вода, како надоместок за производство на енергија од фосилни горива“, велат во „О2 Иницијатива“.

    Граѓанските активисти се незадоволни што загадениот воздух, почва и вода не се приоритети на Владата, што доцни чистењето на токсичниот линдан, како што и нема пари за фекални колектори и заштита од порои.

    „Нè сотреа загаден воздух, вода и почва, ама упорно се крати од средствата за животна средина. Отстранувањето на линданот од ОХИС се најавува секоја година, но таму не е проблем само тој, туку и живата и други канцерогени супстанции. Наместо да сведочиме за конечно чистење на сите токсични супстанции од тие мегатонски канцерогени депонии, 70 отсто од средствата за отстранување на линданот се тргнати“, велат активистите.

    Со Програмата за намалување на аерозагадувањето за годинава најавена беше замена на системите за затоплување во 45 градинки и 29 училишта, а Министерството за животна средина и просторно планирање информираше дека во план е до 2024 година да не постои ниту една институција која загадува. Објавен беше и повик на кој општините можеа да конкурираат и да добијат до 100.000 евра за замена на нееколошките системи за греење во градинките и училиштата, здравствените и административни објекти во најзагадените градови.

    Сепак, голем дел од мерките сè уште чекаат да дојде нивниот момент. Потребата од почести контроли и уште поважно, поажурно санкционирање на загадувачите, требаше да се обезбеди со зајакнување на капацитетот на инспекциските служби. Мерните станици требаше да бидат опремени, но според најавите од Министерството за животна средина и просторно планирање за ова ќе треба да се почека до крајот на годината. Идната година ќе ја почекаат и вработувањата на нови инспектори за животна средина, кои ги предвидуваше Планот за чист воздух.