11. 08. 2020 22:52

Автобусите ќе можат да превезуваат повеќе патници, одлучи Владата

Автобусите ќе можат да превезуваат повеќе патници, одлучи Владата

Наместо со исполнетост од 50 отсто, автобусите може да возат со 75 отсто од вкупниот број на патници, одлучи Владата на денешната седница.

„На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата ги прифати измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници, со што наместо исполнетост до 50 отсто, отсега во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз е дозволено исполнетост најмногу до 75 отсто од вкупниот капацитет на возилата“, - соопштуваат од Владата.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk