Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод Христовото раѓање во двата градски храма ќе се одржат свечени богослужби.
Црковните настојателства соопштуваат дека:
6 јануари - Бадник во 15 часот ќе се одржи свечерна богослужба и Св. Божествена литургија, а потоа благословување и палење на бадниковото дрво. Верниците ќе бидат послужени со топла ракија, чај и костени.
7 јануари - Рожденство Христово - Божиќ во 7 часот ќе се одржи утрено богослужбение, а во 8 часот свечена рождествена литургија.
8 јануари - Втор ден Божиќ во 9 часот во црквата „Св.Никола“ ќе чиноначалствува митрополитот полошко - кумановски господин Кирил, а ќе пее црковниот хор „Марија - Магдалена“ од Куманово.
9 јануари- Св. Стефан во 7 часот утрено богослужение, а во 8 часот Литургија.
Од црковните настојателства при двете градски цркви од Куманово ги повикуваат граѓаните да присуствуваат на прославата на големиот празник.