Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Виктор Божиновски, директор на ЈП „Водовод“ од вчера е нов член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија. Божиновски е избран на предлог на претседателот на СКМ Бранко Азевски.
Јас сум единствен претставник од Општина Куманово и единствен претставник на јавните претпријатија од целата држава. Мои задачи ќе бидат да работам на проблемите со кои се соочуваат јавните претпријатија и да ги конкретизирам нивните барања во форма на предлози до Владата и надлежните министерства. Стопанството во Куманово е речиси замрено и моја задача е да оставрам контакти со стопанските субјекти и да предложам мерки за надминување на натрпаните проблеми - вели Божиновски.
Тој вели дека му претставува посебна чест што е дел од најголемата бизнис заедница во државата каде членуваат 15 .000 стопански субјекти.