×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Црвенковски ги посети стечајците

    21.02.2010 15:55 | KumanovoNews

    Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски денеска ги посети стечајните работници кои веќе 2,5 месеци протестираат во Куманово и ги слушна нивните животните приказни во тешка сиромаштија, заборавени од државата кој во изминатите дваесет години ја градеа со својот труд и работа.

    Црвенковски ги посети стечајците

    Не доѓам кај вас за да се правдам, туку да најдеме начин како да го решиме проблемот. Сигурно дека за грешките и последиците од приватизацијата се одговорни тие што владееле со државата. Јас само ќе потсетам дека во тие години на власт покрај СДСМ, беше и ВМРО-ДПМНЕ. Во времето кога министер за финансии беше Груевски беа приватизирани поголемите фирми во Куманово. Груевски е избран од народот за да ги решава проблемите, а не да се оградува дека стечајците се производ само на Црвенковски. Јас отворено го поканив денеска заеднички да излеземе пред вас и да побараме решение за проблемот. Еве тој нека предложи закон - ние ќе го прифатиме. Но, тој е во Кратово и ќе пушта во употреба интернет во некои села. Потребен е интернетот и во градовите и во селата, но кога народот е сит - рече Црвенковски.

    Тој смета дека не држат аргументите на Груевски дека нема пари за стечајните работници, бидејќи не е можно во државава  да има пари за споменици на мртвите од пред векови, а да нема пари за живите.

    Официјалните податоци од Министретвото за труд и социјална политика е дека бројката на овие лице во Македонија изнесува 9.600. Месечно барате се издвои околу 90 евра, што значи месечна сума од 860.000 евра, а на годишно ниво сума од 11 и пол милиони евра - изјави Црвенковски.

    На крајот на посетата лидерот на СДСМ го посети и домот на стечаецот Драги Крстиќ, кој го прекина штрајкот поради тешката болест.