Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Даночните канцеларии на УЈП ќе работат и за време на викендот за да се запази законскиот рок за примање Даночните биланси за минатата година.
Од УЈП ги известуваат обврзниците дека приемот на даночните пријави за: Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи, Даночен биланс за вкупен приход и Пријава за регистарција на трговски друштва за годишен данок ќе се врши и на 1-ви март, бидејќи крајниот рок за поднесување се паѓа во неработен ден.
Со цел да се избегнат метежите, апелираат даночните обврзници својата обврска да ја исполнат пред истекот на законскиот рок, во периодот од 8.30 до 16.30 часот.