×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Детска амбасада „МЕЃАШИ“: Наместо закани, учениците да бидат дел од провените во образованието

    07.05.2021 06:58 | KumanovoNews

    Детската амбасада МЕЃАШИ, реагира по повод загрижувачки дојави што стигнуваат до нив, а се поврзани со закани и опструкции врз ученици кои сакаат да го искажат своето незадоволство од образовните реформи.

    Детска амбасада „МЕЃАШИ“: Наместо закани, учениците да бидат дел од провените во образованието

    „Последниве неколку денови добиваме дојави за прекршување на правата на средношколците, по повод најавата за донесување нов Закон за дигитализација на учебниците. Дојавите пристигаат на СОС линијата за деца и млади, на електронската пошта, на социјалните мрежи на Меѓаши, во (ин)директни разговори со засегнатите страни (ученици, наставен кадар, родители). Учениците се загрижени дека „им е загрозено психо-физичкото здравје и дека им се занемарува здравствената состојба и заштита, според член 39 од Уставот на РСМ правото на здравствена заштита“, алармираат од „МЕЃАШИ“.

    Во нивното соопштение до медиумите, тие посочуваат дека покрај дојавите од средношколци, добиваат повици и барања и од загрижени и вознемирени родители и старатели, во врска со бојкотот на онлајн наставата од страна на учениците.

    „ Во една од тие дојави се вели дека на учениците им се упатуваат предупредувања од класни раководители дека со три неоправдани изостаноци следува укор и намалено поведение кои ќе произлезат од бојкотот, што претставува закана по правото на изразување на незадоволството од предвидените реформите и начинот на нивно имплементирање“, велат од МЕЃАШИ.

    Детската амбасада го поддржува ученичкото организирање и остварувањето на нивните уставно загарантирани права, правата гарантирани со Конвенцијата за правата на детето и други меѓународни документи.

    „Учениците имаат право да се самоорганизираат, здружуваат, да се залагаат за своите интереси пред институциите, да бидат слушнати и нивното мислење да биде земено предвид при донесувањето одлуки од страна на надлежните институции. Наместо да ги казнуваме треба да ги охрабриме, поддржиме и да им обезбедиме простор во кој ќе можат да го изразат своето (не)задоволство од решенијата на Министерството за образование и наука, простор во кој ќе бидат слушнати“, порачуваат од МЕЃАШИ:

    Оттаму го повикувааат Министерството за образование и наука и наставниот кадар да им овозможат на учениците да бидат дел од промените од кои се директно засегнати, да ги поттикнат учениците да се вклучат и да ги креираат промените заедно со носителите на одлуки, експертите, граѓанските организации, престставниците на институции и организации кои работат на полето на образование и да им дадат можност да ги изразат своите ставови и барања.

    Посебно укажуваат на промените што ги носи вонредната состојба, кои кога се во прашање децата, треба да се прават многу внимателно.