×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ѓурчески: Полицијата не е вмешана во случајот азиланти

    04.03.2010 14:46 | KumanovoNews

    Објавата дека се земени парични сретства за издавање на патни исправи не е точна и го повикувам изворот на новинарот, исто како и граѓаните кои имаат било какви информации за коруптивно однесување на полициските службеници во СВР Куманово веднаш да ги пријават.

    Ѓурчески: Полицијата не е вмешана во случајот азиланти

    Ако немаат доверба во раководството на кумановската полиција, можат да се обратат лично во Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди. Не сакам пишувањата да ги наречам шпекулации, ниту новинарски конструкции и измислици, туку ги повикувам да ги презентираат податоците. Доколку постојат елементи да се преземат соодветни мерки согласно законот и полициски службеници кои постапувале непрофесионално да се санкционираат - рече началникот Љубомир Ѓурчевски во врска со пишувањата на весникот „Време“ за вмешаност на вработени од СВР Куманово во транспортот на азилантите во Белгија.

     Јас одговорно тврдам дека нема никаква инволвираност на ниту една полициска служба на СВР Куманово или Граничната полиција. Ние неколку дена работиме по сите основи за докажување на кривични дела и прекршоци врзани со оваа постапка која е доста актуелна. До сега не дојдовме до било какво сознание и оперативен податок кој поврзува одредени државни институции што го потикнувале или по било кој основ се инволвирани со работата околу азилот - рече началникот Ѓурчевски.

    Тој не сакаше да даде детали за спроведената акција во интерес на истрагата, но соопшти дека во најскоро врме ќе излезат со конкретни податоци за инволвираните лица во транспортирањето на граѓани од кумановско-липковскиот регион во Белгија.