×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Друмските разбојници побегнале без пари

    11.03.2010 09:40 | KumanovoNews

     Разбојници вооружени со автоматски пушки и со качулки на глава, вчера на излезот од Куманово го ограбиле возилото во кое се превезувала поголема сума пари на Централна кооперативна банка од Скопје.

    Друмските разбојници побегнале без пари

     Како на филм, грабежот се случил кога комбито на банката во кое биле возачот и лице од обезбедување, било удрено од позади од „уно„ со сина боја, а во истиот момент друго возило им го попречило патот.

     -До комбито дошле две маскирани лица со фантомки на главата и со автоматски пушки, кои ги репетирале и впериле во нив, по што ги извлекле од возилото и ги легнале на земја. Еден од напаѓачите влегол во комбито и заминал во правец кон Скопје, додека другиот напаѓач побегнал со нивното „фиат уно„ оставајќи го само возилото кое го удриле - вели Валентина Николовска, портпарол во СВР Куманово

     За да го сокријат трагот, разбојниците се разделиле, но од непознати причини ги оставиле и парите и возилата, и побегнале пеш. Полицијата ги најде двете возила, едното близу спортскиот аеродром Аџитепе, а другото на автопатот кон Скопје. Парите биле оставени во најлонски кеси и не се знае дали дел од нив недостасува. Полицијата врши вештачење на парите. Не се знае идентитетот на напаѓачите, а возилата со кои е извршено разбојништвото биле пријавени во полицијата во Велес како украдени.

     На возачот на комбито му била укажана лекарска помош во кумановската болница, бидејќи еден од напаѓачите вадејќи го од возило го удриле во глава.