×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дваесет и четврта седница на Совет

    24.03.2010 09:32 | KumanovoNews

      Денеска ќе се одржи дваесет и четвртата седница на Советот на Општината Куманово. На  дневен ред е 21 точка, а меѓу другото ќе се расправа за...

       

    Дваесет и четврта седница на Совет

    ... планот за управување со отпад до 2015 година, извештаите за работата на Североисточниот плански регион, финансиското работење на неколку јавни претпријатијa и епидемиолошката состојбата во Општината, а ќе биде претставен и акциониот план за родова рамноправност и повеќе нацрти за Деталниот урбанистички план.

    Дневен ред:

    1.Верификација на мандат на член на Советот на Општина Куманово;

    2.Тримесечен Извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ - Куманово од 01.10.2009 - 31.12.2009 година;

    3.Извештај за работа на ЈП „Водовод“ - Куманово за 2009 година;

    4.Тримесечен Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово - гас“ - Куманово за период од 01.10.2009 год. до 31.12.2009 година;

    5.Извештај за работа на Центарот за развој на Североисточниот плански регион за 2009 година;

    6.Извештај за движење на заразни болести и епидемиолошка состојба во Општина Куманово за 2009 година;

    7.Предлог - План за управување со отпад во Општина Куманово за 2010 - 2015 година;

    8.Предлог - Програма за управување со отпад во Општина Куманово за 2010 година;

    9.Локален Акционен план за родова рамноправност март 2010 – март 2011 година;

    10.Предлог - Решение за давање согласност на Статут на Фондацијата за култура и спорт „Куманово“ - Куманово;

    11.Предлог - Решение за давање согласност на Статутарна Одлука за изменување и дополнување на Статутот на ЈОУ за деца - Детска градинка „Ангел Шајче“ - Куманово;

    12.Предлог - Решение за именување на член на Управен одбор на Јавното претпријатие „Пазаришта“ - Куманово - претставник од Општина Старо Нагоричане;

    13.Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Тоде Мендол", Урбан блок 62, Плански опфат меѓу ул. "Војо Карастојанов", ул. "Тоде Мендол", ул. „Браќа Филиповиќ“ и ул. "Страшко Симонов" – Општина Куманово;

    14.Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Трета МУБ", Урбан блок 49, Плански опфат меѓу ул. "Народна Револуција", ул. "Власто Радоњанин" и ул. "Тоде Думба" – Општина Куманово;

    15.Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Панче Пешев", дел од Урбан блок 42, Плански опфат меѓу бул. "Октомвриска Револуција", ул. "Доне Божинов", ул. „Тодор Велков“, ул. „Панче Пешев“, ул. „Наум Охридски“ и ул. "Пелинце" – Општина Куманово;

    16.Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Индустрија", дел од Урбан блок 79, Плански опфат меѓу ул. "11-ти Октомври", ул. "1", к.п. 16144/1, к.п. 16140/2 и Автопат Е - 75 – Општина Куманово;

    17.Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Центар", Урбан блок 43 - ѓ, Плански опфат меѓу ул. "Народна Револуција", ул. "Тане Георгиев", ул. „Професор Мијалковиќ“ и ул. "Среќко Пужаљка" – Општина Куманово;

    18.Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за У.Е. "11-ти Ноември", Урбан блок 67, Плански опфат меѓу ул. "11-ти Октомври", ул. "11-ти Ноември", ул. „Осоговска“ и ул. „Сава Ковачевиќ“ – Општина Куманово;

    19.Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Индустрија", Урбан блок 71, Плански опфат меѓу ул. "11-ти Октомври", ул. "1", ул. „2“, к.п. 16362, к.п. 16363/1, к.п. 16363/3 и крак на автопат Скопје – Белград, – Општина Куманово;

    20.Предлог - Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ “Благој Стефковски - Гојчо”, дел од УБ 46, плански опфат помеѓу ул.: “Октомвриска Револуција”, “100”, “Моша Пијаде” и “Пиринска Македонија” – Општина Куманово;

    21.Предлог - Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од Блок 72 и 73, У.Е. “Индустрија”, плански опфат меѓу улиците: “Железничка”, “Новопланирана 1”, “Новопланирана 2” и опфат на град Куманово – Општина Куманово.