×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Го фалсификувал потписот на баба му за да добие бесплатни мобилни

    22.03.2010 12:55 | KumanovoNews

     М.З.(35) од с.Пчиња заработи кривична пријава за фалсификување исправа, поради тоа што го фалсификувал документи и потпис на неговата баба за да може да добие бесплатен мобилен телефон.

    Го фалсификувал потписот на баба му за да добие бесплатни мобилни

     Продавачката М.Ј.(26), вработена во продавница „Хенди тел“ во Куманово, што му помагала да ја реализира замислата, ќе одговара за кривично дело „фалсификување службена исправа“.

     Според полицискиот извештај, М.З. во текот на 2008 година во наведената продавница склучил два договори за користење на бесплатни мобилни телефонски апарати во име на неговата баба и со нејзини документи, притоа фалсификувајќи го нејзиниот потпис. Продавачката, иако знаела дека потписот е фалсификуван истите ги заверила во продавницата и му овозможила да ги користи апаратите.