Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За само два дена дури 250 сточари од кумановско поднеле барање за финансиска поддршка за произведено и предадено кравјо млеко.
Млекопроизодителите треба да достават откупни белешки издадени од млекраниците за откупеното млеко во периодот од 1 октовмри до 31 декември 2009 - информираше Скендер Алии соработник во Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство.
Според информациите од подрачната единица годинава нема некои промени во документацијата која е потребна за поднесување на барањата. Висината на субвенциите е 2,5 денари по литар млеко.