01. 12. 2020 11:33

Граѓаните можат да учествуваат во креирањето на буџет на Куманово за 2021 година

Граѓаните можат да учествуваат во креирањето на буџет на Куманово за 2021 година

 Граѓаните на Општина Куманово од денеска можат да се вклучат во креирањето на општинскиот буџет за 2021 година.

Со соодветна дигитална алатка поставена на општинската веб страница „Вклучете се во креирањето на буџетот на Општина Куманово за 2021“ ќе се прибираат идеи и предлози за решавање на приортитетни потреби и проблеми на граѓаните.

- Пополнете го онлајн анкетниот прашалник и вклучете се во креирање на буџетот на Општина Куманово за 2021 година.  Со вашите предлози и идеи ќе придонесете за креирање на буџет, кој ќе ги рефлектира потребите на граѓаните. Анкетата ќе биде активна заклучно со 7 декември, - стои на сајтот на Општината.

Постапката е едноставна, потребно е да се пополни дигитален прашалник при што се селектира урбана и месна заедница, се впишуваат контакт информации, се избира област и се впишува краток опис на предлог идејата.

Оваа дигитална алатка годинава се имплементира за прв пат и покрај граѓаните, можат да се вклучи и невладиниот сектор, деловниот сектор и другите чинители во локалната заедница.

Последните неколку години граѓаните имаа забелешки поради тоа што буџетот се носеше без јавна расправа и учество на граѓаните од урбаните и месни заедници.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk