×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јавна расправа за утврдување со отпад во Крива Паланка

    30.11.2020 10:17 | KumanovoNews

      Јавна расправа на тема „Управување со отпад во Крива Паланка- услуги и соработка со граѓаните“, организираше  РЦС „Спектар“, во соработка со НВО Инфоцентар, општина Крива Паланка и ЈП „Комуналец“, на ЗООМ платформата.

    Јавна расправа за утврдување со отпад во Крива Паланка

    Целта на јавната расправа беше да се утврдат расположивите ресурси и потребите за подобрување на управувањето со отпадот во Крива Паланка, како и зголемување на јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина. За менаџирањето, селекцијата и депонирањето на отпадните материи во Крива Паланка се дискутираше заедно со повеќе институции, граѓански организации, месни заедници и граѓани, a во дискусијата учествуваа и градоначалникот Борјанчо Мицевски и директорот на ЈП „Комуналец“ Миле Марковски.

    „Набавени се 7 возила од кои 5 нови за собирање и транспорт на сметот, а во тек е постапка за набавка на нови 192 контејнери. Отпочната е и постапка за изградба на регионална депонија за Североистокот и Истокот, на локација во Светиниколско, која би требало за околу 2 години да профункционира, со што ќе добиеме посебен режим на собирање и складирање на отпадот, според европски стандарди. Мора да работиме и на подигање на свеста кај граѓаните, посебно сега кога Осоговието е прогласено за заштитено подрачје“, истакна градоначалникот Мицевски.

    Како нови услуги беа промовирани поставениот пластикомат во Пакет маркет и телефонската линија на ЈП„Комуналец“ за собирање на кабаст отпад, градежен материјал и шут од домаќинствата во договорен термин.

    „Сепак, останува проблемот со биоразградливиот материјал од бавчите. Населението, наместо да го фрла овој отпад во собирните садови или покрај нив, најдобро е да го одложува на своите имоти, што ќе значи и еден вид на рециклирање, односно обезбедување на ѓубриво“, подвлече директорот на ЈП „Комуналец“ Марковски.

    Од расправата произлезе и заклучокот дека голем проблем и приоритетна потреба е едукацијата на населението за правилно одлагање на сметот, поради големиот број на несовесни граѓани, кои нанесуваат штета на животната средина.

    Јавната расправа за управувањето со отпадот во Крива Паланка е дел од активностите во рамки на проектот „Активни граѓани и локална демократија на локално ниво“, кој го спроведува НВО Инфоцентар од Скопје, со поддршка на Меѓународната фондација „Улоф Палме“ од Шведска.

    (Ж.Ц.)