Кај десет пациенти непотребно се извршени операции на срце или се упатени за операција, кажа Алиу
Десет пациенти биле непотребно упатени или оперирани за кардиохируршки и кардиолошки интервенции во здравствените институции низ земјава, рече денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во Владата, заедно со членовите на стручната комисија при Министерството за здравство.
Анализата која ја спроведе комисијата е извршена по доставени пријави од граѓани и здравствени институции.
„Од доставените 25 случаи, од кои комисијата утврди дека 6 од случаите треба да се испратат до ДСЗИ, бидејќи таа не е надлежна, анализирани се 19 случаи од кои кај 10 случаи комисијата утврди дека се непотребно извршени операции или непотребно се упатени за операција, истакна министерот Алиу.
Претседавачотот на комисијата д-р Жарко Христовски појасни дека работата на комисијата е прецизирана како анализа на податоци за пациенти кои биле упатени или оперирани од коронарна и периферна васкуларна болест во сите јавни и приватни здравствени установи со соодветна дејност.
Алиу на крајот на август ја формираше Комисијата откако кардиохирурхот д-р Сашко Кадев обвини за непотребни операции во приватното здравство.

