×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Казнетите бизнисмени повторно протестираа

    18.02.2010 15:36 | KumanovoNews

    Педесетина стопанственици денеска протестираа пред Управата за јавни приходи во Куманово незадоволни поради високата парична казна од 5000 евра што треба да ја платат поради ненавремено поднесување на даночна пријава за ДДВ за минaта година.

    Казнетите бизнисмени повторно протестираа

    Тие бараат казната да им се прости или да е симболична,бидејќи во спротивно повеќето од нив ќе мораат да ги затворат фирмите,а работниците да ги отпуштат.

    Данокот ми е само 380 денари, а казната 5.000 евра. Единствено ми преостанува да ги затворам дуќаните, да се пријавам во социјално и да бидам дел од армијата невработени во државата - вели еден од сопствениците.

     Протестот до вторник е ставен во мирување, кога бизнисмените треба да добијат одговор на приговори до Управата.

    Казната може да биде преполовена доколку се плати за 8 дена од добивањето на решенијата за изречена казна. Според добиените прекршочни пријави од УЈП кумановската бизнис заедница ќе треба да уплати околу 2 милиони евра во буџетот.

    Од УЈП информираат дека 158 кумановски фирми се казнети за ненавремено поднесување на пријавите, а 229 даночни обврзници воопшто не поднеле даночна пријава.