×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Коледарите славеа во Старо Нагоричане

    05.01.2010 14:59 | KumanovoNews

    Општина Старо Нагоричане денеска беше домаќин на Здружение „Коледари“ од Куманово каде што започна прославата на големиот христијански празник Божиќ. Коледарите ги пречека градоначалникот Миодраг Јовановиќ, кој ги одведе гостите до црквата „Св.Ѓорѓи“, и потоа пред општинската зграда приреди забава и богата трпеза.

    Коледарите славеа во Старо Нагоричане

    Чест е што коледарите дојдоа во нашата општина и направивме прекрасно дружење. Гостите имаа можност да го посетат и нашиот бисер, прекрасната црква Св. Ѓорѓи, храмот на православието. Сите заедно треба да ја почитуваме традицијата и да ги продолжиме нашите православни обичаи - рече градоначалникот Јовановиќ.

    Кумот Горан Денковиќ се радува што станал кум во општината Старо Нагоричане и им посака многу здравје и успех на сите негови сограѓани.

     Коледарите велат дека основната цел кога го формирале здружението била желбата да се сочува традицијата и да ги вратат обичаите кои биле малку подзаборавени.

    Секоја работа што се работи континуирано, искрено и од срце ќе биде успешна и ќе трае. Оваа година формиравме и подмладок на Коледарите и се надевам дека тие ќе ја продолжат нашата традиција - рече Мирослав Доневски, претседател на здружението.

    Прославата во Старо Нагоричане беше збогатене со играорци и трубачи, како и со традиционално греење на ракија и чај.

    Коледарите ќе ги продолжат активностите утре во 10.30 часот во цркавата Св.Никола каде ќе се освети бадниковата погача и гранчињата. Во 12 часот пред Центарот на културата ќе следи културно - уметничка програма, а ќе бидат поделени и бадниковите гранчиња.

    И.И.