×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово домаќин на 600 спортисти од 40 земји кои учествуваат на Младинската олимпијада

    19.07.2025 10:31 | KumanovoNews

    Околу 600 млади спортисти од 40 држави ќе престојуваат во Куманово,  како  дел од Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули во Македонија. 

    Куманово домаќин на 600 спортисти од 40 земји кои учествуваат на Младинската олимпијада

    Во Куманово ќе се одржат натпревари во машка и женска кошарка, велосипедизам и планински велосипедизам.

    Од Општина Куманово кажаа дека целосно се подготвени да ги пречекаат младите спортисти, репрезентации и нивните тимови, бидејќи имаат искуство во организација на вакви настани од 2019 година кога Куманово беше град на спортот.

    „Направивме се за да бидеме добри домаќини на оваа манифестација. Во изминатите неколку месеци Општината вложи значителни средства за уредување на сите спортски објекти, организираше обука за преку 500 волонтери кои се логистика за непречено и безбедно одржување на натпреварите“, кажа Александар Крстевски, раководител во Секторот за култура и спорт.

    Во понеделник од 11.30  и 16 часот во салата „Перо Наков“ ќе се играат натпреварите на женската кошарка. А во 11.30 часот  и во 18.15 часот во спортската сала ќе се играат кошаркарските натпревари- мажи.

    Велосипедските трки ќе се одржат на 22  јули на Студена Вода и на 24 јули од Куманово до Пелинце.
    Организаторите ги повикаа граѓаните да дојдат и да присуствуваат на натпреварите во салите, бидејќи влезот е слободен.

    Отворањето на Олимпијадата ќе биде утре во 20 часот во салата Јане Сандански во Скопје.

    На Европската младинската олимпијада ќе учествуваат 50 делегации од повеќе европски земји, над 4.000 спортисти на возраст од 14 – 18 години, нивни тренери и тимови за поддршка и околу 700 волонтери. Учесниците ќе се натпреваруваат во 15 спортски индивидуални и групни дисциплини: атлетика, пливање, гимнастика, џудо, велосипедизам, маунтајн бајк, ракомет, одбојка, баскет 3х3, бадмингтон, стрелаштво, кајак слалом, теквондо и пинг – понг.

    Македонската спортска делегација ќе брои вкупно 203 члена, од кои 181 спортист. Нашите претставници ќе се натпреваруваат во сите 15 спортови што се дел од програмата, што претставува историски момент за македонскиот спорт.
    Европски младински олимписки фестивал – ЕМОФ, ќе се одржи во Скопје, Куманово и Осиек.