×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово виа Белгија

    27.02.2010 09:28 | KumanovoNews

    Околу 5 илјади жители на Куманово и Липково заминале во западноевропските држави во последните 2,5 месеци, откако стартуваше визната либерализација во државата. Најголем број од граѓаните патуваат на печалба во Белгија и Франција, а во помал број заминуваат и во скандинавските земји, Норвешка и Шведска.

    Куманово виа Белгија

    Утринава  кај Градската болница еден автобус ги прибираше патниците. Сопственикот на туристичката агенција тврдеше дека ги носи во Германија, додека некои од нив отворено кажуваа дека се селат во Белгија.

    Што да правам овде кога немам од што да живеам. Дел од моето семејство замина пред неколку недели во Белгија, сега ќе одам и јас. Политичарите го отпишаа Куманово. За нив постојат само Скопје и Тетово, и сега нема зошто да зборуваат и да си прават маркетинг дека се секираат за нас - вели еден постар човек.

    Своите домови најчесто ги напуштаат сиромашни семејства и младите од градот и селата, оние што немаат работа и живеат од социјална помош.

    Поведени од приказните дека демократските држави се грижат за своите граѓани,тие се надеваат дека таму ќе имаат подобар живот и ќе најдат работа и стан. Затоа и бараат азил. До неодамна Црвениот крст во Брисел ги прифаќал сите дојденци и ги сместувал дури и во хотели. Но како бројот постојано се зголемувал,ги препуштиле самите да се снаоѓаат и да најдат каде ќе престојуваат. Оние што се вратија кажуваат дека,некои што останале незгрижени спиеле на Автобуски и Железнички станици, па дури и по улици - раскажува еден кумановец кој и самиот бил подготвен да замине, но го спречило тоа што не успеал да добие нов пасош.

    Поради семејното селење, родителите ги вадат своите деца од училиште.Неофицијално се зборува дека дури 100 ученици од албанска етничка заедница се отпишани од училиштата од кумановско - липковскиот регион. Директорите потврдуваат дека ученици си заминуваат од училиштата поради одење во странство, но велат дека не толку масовно.

    Во основното училиште ,,Наим Фрашери“ се испишани 18 ученици, од кои најголем број заминале во Белгија, а има случаи и во Франција. Досега никој од нив не се вратил во Куманово. Во „Бајрам Шабани“ 12 ученици од 4-5 семејства заминале во странство. Еден од учениците вчера се вратил. Во Липково досега се отпишани 6 ученици од две семејства.

    Во СВР Куманово немаат информација колкав број на граѓани го напуштиле Куманово, но велат дека работат на случајот.