×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На слава само најблиските и да нема групирања по домовите, апелира Филипче

    09.11.2020 10:34 | KumanovoNews

    Министерот за здравство Венко Филипче апелира славите и празниците кои се пред нас, оваа година да ги прославиме само со најблиските и да нема групирања по домовите, за да сеспречи натамошно ширење на заразата со ковид-19.

    На слава само најблиските и да нема групирања по домовите, апелира Филипче

    -  Следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на ковид-19. Токму поради тоа, потребна е нашата максимална одговорност за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на нашите најблиски. Во наредниот период, да не се групираме по домовите и да си помогнеме сите заедно побрзо да излеземе од корона кризата. Сега е потребно да ги почитуваме мерките за заштита, а наредната година ќе прославиме согласно традицијата. Помогнете ни, за сите нас, - објави министерот Филипче.