Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Општинската организација на НСДП денеска обвинија дека затварањето на нивниот доскорашен претседател и актуелен советник во Советот на општината Куманово, Зоран Маневски е политички монтиран процес.
Тој е жртва на пресметката на ВМРО ДПМНЕ, поради влегувањето НСДП во опозицискиот фронт и формирирање на пратеничка група со која се окрупнува опозицијата. Ова не е прв пат да се атакува на општинската организација. И за време на вонредните парламентарни избори 2008 година беа ограбени просториите на организацијата, а сторителите никогаш не биле пронајдени. Ова е очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ со притисок и сеење на страв да ја дефокусира јавноста од огромните проблеми со кои се соочува државата-вели Сунчица Јосифовска, претседателка на ОО НСДП.
За сретствата во висина од 8000 денари кои биле однесени во партијата, претседателката вели дека се пари од донација за кои партијата издала регуларна сметкопотврда и тука нема ништо спорно. Лицето кое го пријавило поткупот порано доаѓало во партијата, но поради украдените компјутери од партијата не можат со сигурност да потврдат дали бил нивен член.
Маневски е притворен завчера, под сомнение дека како пазарен инспектор примал мито од сопственик на продавница во населбата Ајдучка чешма за да не пријави пропусти во работењето на неговата фирма.