×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пазарџиите примерни кираџии

    25.02.2010 17:15 | KumanovoNews

    Јавното претпријатие „Пазаришта“ годинава ќе оствари приход од 28 милиони денари, средства што ќе ги заработи од закупнината на тезгите на централниот, реонскиот и добиточниот пазар. Наплатата во првите два месеци од годинава е реализирана со дури 98 проценти.

    Пазарџиите примерни кираџии

    „На централниот пазар има 550 тезги со годишна закупнина од 400 до 600 евра, во зависност од местоположбата. На овој пазар има и 18 дуќани за што претпријатието наплаќа 7,5 евра за метар квадратен“ - вели Фадиљ Шабани директорот на јавното претпријатие.

    На реонскиот пазар на булеварот „Октомвриска Револуција“, претпријатието нуди 132 тезги, а закупнината се движи помеѓу 350 и 550 евра.

    Раководството на „Пазаришта„ најавува дека годинава ќе се одвојат 5 милиони денари за уредување на двата пазари со што ќе се подобрат условите за работа на закупците.