Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на пензионерите од Куманово едно од најголемите и најактивни во државата минатата година ги реализираше активностите предвидени со програмата.
Здружението брои околу 12.000 членови од кои најголем дел се старосни,
а помал дел семејни пензионери. Членовите ќе продолжат со активностите
кои ги реализираат преку културно-уметничкото друштво "Ѓоко Симоновски"
и драмската секција.
Според претседателот Трајче Јанковски за нивните членови ќе продолжи со
делумното финансирање на бањското лекување ,а оваа година ќе остане и
практиката да се помага и парично на болните пензнинери.