×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прекугранична соработка услов за развој на регионот

    04.02.2010 14:47 | KumanovoNews

    Трите прекугранични општини Старо Нагоричне, Врање и Ќустендил со заеднички проекти ќе аплицираат за средства од претпристапните европоски фондови. На денешната средба во  Старо Нагоричне претставници од  општините разговараа за можните проекти кои ќе придонесат за равојот на трите општини.

    Прекугранична соработка услов за развој на регионот

    Приоритет ќе биде економската придобивка и искористување на ресурсите што ни стојат на располкагање. Еден таков проект е за искористување на енегријата од геотемалните извори на овие простори - вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ

     Сите се свесни дека само преку заеднички проекти и меѓусебно здружување и соработка, може да се развива регионот, преку  програмите на Евопската унија.

    Ние имавме искуство со користење на фондовите, еден покрупен инфраструктурен проект е реализран и уште неколку кои треба да се одобрат. Од програмата 2009-2013 Македонија може рамноправно да учестува во фондовите. Така што кога заенички ќе аплицираме, се делат сретствата, но и одговрноста е поденаква. Ме радува тоа што од унијата гледаат на овој регион сериозно и отворно - вели Борислав Крумов секретар во општина Ќустендил.

    Доаѓам во името на комлексот Врањска Бања. Геотрамалните води на овие простори може да се искорисат не само за наводнување и развој на туризмот, туку и за просиводство на електрична енергија. И Ќустендил и старо нагоричане имаат богатство од минсрални извори, така што со заедничкиот проект сите три општини ќе имаат придобивки - изјави Новица Ѓоргевиќ вработен како инжињер во  комлексот Врањска Бања.

    На денешната средба присутни беа и госите од центарот за равој Литија од Словенија. Тие се запознаа со идеите кои сакаат трите општини да ги реализираат. Словенците ќе пружат помош и ќе го пренесат искуството од реализиацијата на проектите и намената на европските пари.